1.8 C
Skopje
среда, април 5, 2023

ВЕТО ЗА БУГАРИЈА, за влез во шенген зоната од ХОЛАНДИЈА

ТОП ВЕСТИ



Поглед:
41


Следната недела Холандија ќе се согласи Романија и Хрватска да се приклучат на Шенген зоната, но ќе го блокира приемот на Бугарија, објави холандската радиодифузна корпорација.

Холандската влада на денешната седница одлучи дека Бугарија сè уште не ги исполнува условите за влез во Шенген, посочува овој медиум.

Холандскиот министер за надворешни работи Вопке Хоекстра по состанокот изјави дека сè уште е „прерано” да се постигне согласност за пристапување на Бугарија. Според него, Холандија може да го преиспита прашањето само кога ќе стане јасно дека Бугарија има ефективно владеење на правото и држава способна да се справи со корупцијата и организираниот криминал.

Проширувањето на Шенген зоната со трите земји е вклучено во агендата на состанокот на министрите за внатрешни работи и за правда од Европската Унија на 8 декември. Повеќето земји веќе ја донесоа својата одлука. На состанокот министрите мора да постигнат едногласен договор за прием на нови земји. Така, дури и Холандија да е единствената што ќе гласа против, Бугарија нема да добие дозвола за приклучување.

Холандскиот премиер Марк Руте на денешната прес-конференција изјави дека одлуката да не се поддржи влезот на Бугарија во Шенген не е политичка, туку се заснова на факти. Според него, Холандија не е единствената земја која има сомнежи во врска со ова прашање.

Претседателот на Бугарија, Румен Радев изјави дека не е фер само Бугарија да биде оставена надвор од Шенген, а да се вклучат сите останати земји од ЕУ. Притоа Радев заборави што и прават на Македонија, а боли на нивни грб.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО