3.8 C
Skopje
среда, април 5, 2023

БОРЕЛ УЦЕНУВА или француски предлог или нема ЕУ

ТОП ВЕСТИ



Поглед:
48


Без уставни измени на кои се обврза владата, нема влез во Европската Унија (ЕУ). Ова е пораката која денеска ја испрати потпретседателот на Европската комисија, Жозеп Борел. Да се оди напред, за него значи да се продолжи со реформите, но и да се создадат услови да се усвојат уставните измени.

„По договорот од јули, ова е најдобрата зделка што може да ја добиете и не е реалистично да очекувате дека ова повторно ќе се отвори и ќе биде дел од преговарањето. На таа основа, вашата иднина е во Европа и сега е време сите политички партии да си ги преземат обврските и искрено да работат на продолжување на оваа патека“, изјави Борел.

Тоа што состанокот на Советот за стабилизација и асоцијација се одржа во Скопје, според Борел, е доказ дека во ЕУ се цени прогресот на Македонија. Но, потенцираше дека е многу важно да се забрзаат реформите.

Премиерот е оптимист дека до 2030 година, Македонија ќе влезе во ЕУ. И еврокомесарот за проширување рече дека е оптимист по природа, но е претпазлив со датумите и проценката.

„Кажавте 2030 година? – Тоа јас не можам да го кажам. Може да биде порано, може да биде подоцна. Сè зависи од испораката на реформите“, изјави Оливер Вархеји.

Еврокомесарот нагласи дека сржта на целиот процес е владеење на правото, непристрасно, ефикасно и независно судство, борбата против корупцијата и организираниот криминал, како и креирање и одржување на основите на демократијата. Ова, рече, бара вклучување на различни страни, од владата и Собранието до опозицијата, факултетите, граѓанското општество, деловната заедница.

Потребно е национално единство за процесот за членство да оди напред. Изјави и дека, тие, од нивна страна ќе го забрзаат темпото на преговорите, но треба и државата да направи сличен чекор, важно е сега државата да не забави, туку да ја забрза својата работа за спроведување на реформите, кои се од интерес за нејзините граѓани.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО