3.8 C
Skopje
понеделник, април 3, 2023

(ВИДЕО) ИСЛАМИСТ напаѓа две жени во продавница, не носеле шамии

ТОП ВЕСТИ



Поглед:
224


Иранските власти се во потрага на две жени кои не носеле хиџаб. Тие биле забележани во продавница од еден маж кој им истурил јогурт на главите затоа што не носеле шамии. Видеото стана вирално, а полицијата издаде налог за апсење.

Инцидентот се случил во градот Машхад, во време кога шефот на иранското правосудство се заканувал дека „безмилосно“ ќе ги гони жените кои ги игнорираат строгите правила во земјата за покривање на главата, пренесува британски Телеграф.

На видеото се гледа мајка и ќерка во продавница.

Мажот, кој забележал дека не носат хиџаб, влегол во продавницата и почнал да се расправа со нив, а потоа им истурил јогурт.

Властите издадоа налози за апсење на двете жени бидејќи „извршиле забрането дело“ со симнување на нивните шамии.

Распишана е и потерница по напаѓачот под обвинение за навреда и нарушување на мирот, но секако нема да биде казнет, можно е и да добие награда од лудаците во власта, објави веб-страницата за правда Мизан онлајн.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО