Поглед:
21
На парламентарните избори во 2020 година, тогашното политичко движење Македонски Концепт, а денес политичка партија МК, промовираше антикорупциски пакет, во кој централно место заземаше идејата за потекло на имот / ветинг за сите политичари, но пред тие да стапат на функција, односно со самото кандидирање за некоја позиција.
Тогашниот носител на граѓанските листи за пратеници, а денес лидер на партијата МК, Петар Богојески тврдеше дека треба да се следи примерот на САД за борба со корупцијата во Македонија.
Деновиве со ист став во јавноста излезе и американската амбасадорка Агелер, која стана позната во македонската јавност по заложбата за борба со корупцијата во земјава.
Ветингот може да биде многу предизвикувачки и најдобар начин би бил тој да се прави пред луѓето да стапат на функција, потенцираше американската амбасадорка Анџела Агелер во гостување на телевизија Алсат М.
-Тоа е особено предизвик во правосудниот систем поради потребата да се проценат оние кои се веќе на позиција и во систем каде што веќе постои корупција, многу е важно да се осигураме дека тој процес е целосно транспарентен и фер.
Проверката во САД се врши пред да се дојде на функција. Немаме доволно време да ви ја опишеме маката низ која поминав за да бидам номинирана и потврдена за амбасадор на САД.
Се надевам дека оваа земја ќе најде начин да го придвижи процесот на ветинг пред луѓето да ги преземат своите позиции, на начин кој е најдобар за таа институција, рече Агелер.