4.8 C
Skopje
вторник, април 4, 2023

Треба да формираме ново НАТО, но без САД, веројатно со КИНА

ТОП ВЕСТИ



Поглед:
295


„Европско НАТО би било решение. Веќе го предложив во 2012 година“, рече Орбан во интервју за швајцарскиот неделник Ди велтвохе, додавајќи дека европските земји би требало да бидат подготвени да се бранат самите.

„САД и ЕУ плаќаат различни цени за војната, а Американците, а не Европејците, го имаат последниот збор во сè“, додаде тој.

Во истото интервју Орбан заклучува дека Москва би можела да има потешкотии во следните две или три години. Но, додаде тој, „ситуацијата повторно ќе се промени на подобро бидејќи Русите знаат да учат и да се прилагодат на тешкотиите и не треба да се потценуваат“.

Орбан, еден од ретките сојузници на Путин во Европа, во неодамнешното јавно обраќање рече дека Европа тоне во војна.

„Сите гледате дека сакаат да нѐ вовлечат во војна и сакаат да им се придружиме на провоените земји“, рече тој. Тој повтори дека неговата земја мора да трпи провокации секој ден.

„Ве молам да не наседнувате на провокации и треба да се држиме до интересите на Унгарија на политичката арена“, додаде тој.

Орбан рече дека неговата влада „гледа со голема загриженост“ како Европа постепено „тоне во војна“, истакнувајќи дека неколку земји испраќаат тенкови и размислуваат да обезбедат борбени авиони за Украина.

Тој рече дека имало дури и такви кои сакале да испратат војска во Украина. Тој посочи дека на изборите одржани во април минатата година, што го потврди и владината јавна анкета, Унгарците одлучиле Унгарија да „остане настрана од војната“ и да не доставува оружје.

Тој го нарече важен кинескиот мировен план и додаде дека Унгарија го поддржува. Тој нагласи дека земјите како Унгарија, кои треба да увезуваат најголем дел од својата енергија, се особено „измачени од инфлацијата“.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО