8.8 C
Skopje
четврток, април 6, 2023

ТАЖНИ ВЕСТИ – Во замокот Балморал се собираат членовите на кралското семејство

ТОП ВЕСТИ



Поглед:
2


Кралското семејство се собира во шкотскиот дворец Балморал откако беше потврдено дека здравјето на Елизабета Втора се влошило. Бакингамската палата објави дека 96-годишната кралица од утрово е под постојан медицински надзор поради сериозните грижи за нејзиното здравје, без да изнесе детали.

КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО СЕ СОБИРА ВО ШКОТСКА ПО ВЕСТА ЗА ВЛОШЕНОТО ЗДРАВЈЕ НА КРАЛИЦАТА

Во кралската резиденција во Балморал веќе пристигнале децата на кралицата, Чарлс, Ендрју, Едвард и Ен, како и внукот, принцот Вилијам, а најавено е и доаѓањето на принцот Хари и Меган Маркл, кои беа во Германија.

ОПЕРАЦИЈА ЛОНДОН БРИЏ: Британските власти имаат план Ден Д+10 во случај на смрт на кралицата Елизабета

Бакингамската палата ретко се огласува за здравјето на кралицата, па денешната објава, велат добрите познавачи, е знак дека ситуацијата е многу сериозна. Оттаму додаваат дека кралицата засега останува во својот дом во Балморал.

„Палатата вообичаено не дава информации за здравјето на кралицата, освен ако не е значајно. Затоа оваа објава дава основа за загриженост“, изјави кралскиот експерт Роберт Хардмен. Би-Би-Си, кој ја прекина редовната програма, објави дека Бакингамската палата не планира наскоро да каже ништо повеќе.

Грижите за здравјето на кралицата се појавија во октомври минатата година, кога таа откажа планирано патување во Северна Ирска. Оваа година не присуствуваше на бројни настани поради проблеми со движењето, а во меѓувреме го прележа и ковид-19.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО