Поглед:
26
Рускиот канал Телеграм јавува за партизански акции во областа Воронеж на Руската Федерација, од страна на самите руски граѓани кои сакаат да престане војната со соседна Украина.
Имено, руските граѓани ги напаѓаат воените конвои кои се упатени кон територијата на Украина или ја опожаруваат воената техника паркирана на безбедна руска територија, пред да биде префрлена во Украина.
Во конкретниот случај на ова видео се гледа како гори кабината на „Град МЛРС“. Партизанските руски единици ја запалиле инсталацијата. Погледнете: