Поглед:
30
Путин започна воена операција за окупација на Украина со приказната за „денацификација“ од нацистички воени параформации, како што е баталјонот Азов, кој во меѓу време веќе беше дел од регуларната армија на Украина.
Таа единица, појачана со други доброволци успешно и фанатично го бранеше градот Мариупол, повеќе месеци под дирекни напади на целата руска армија. Неколкумина не можеа да бидат поразени од многуилјадна руска војска, која немаше друг избор освен да прифати нивно доброволно предавање.
Така во руски раце паднаа „нацистите од Азов“, кои наводно милозливиот Путин одлучил да им се суди и дека нема да ги убие без судење. А во исто време започна цела војна со Украина за да ги ликвидира токму тие момци.
Наеднаш Путин заборави на специјалната акција за денацификација на Украина и во рамките на најголемата и најзначајна размена на заробеници меѓу Москва и Киев, Русија го ослободи и Денис Прокопенко, командантот на баталјонот „Азов“ која ја бранеше челичарницата во Мариупол, но и сите негови соборци, кои беа нацисти според режимот во Кремељ.
Според украинските власти, 215 лица се ослободени од руско заробеништво, меѓу кои пет команданти за одбрана на „Азовстал“, 124 офицери и 108 борци од демек нацистичкиот „Азов“, останати странци демек исто нацисти кои се бореле на страната на Украина, вклучително и оние кои се осудени на смрт во ДПР (путиновата држава во Украина) и осум повредени при експлозијата во Јеленовка.
Украина ѝ предаде на Русија 55 војници и „кумот на Путин“, арамијата и олигарх Виктор Медведчук, обвинет од Киев за предавство. Според неофицијални податоци од телеграмскиот канал „Рибар“ меѓу нив се и мајор и потполковник, шест помлади офицери и четири заповедници, 40 војници и наредници, две лица од таканаречената народна милиција на ДПР и еден од народната милиција на ЛПР.
Тоа е тој диктаторски режим, кој честа на Русија ја заменува за својот кум. Тоа е тој принципиелен Путин, кој се откажа од судење на „нацистите“ за да го ослободи својот криминалец и олигарх од Украина.
Командантите на одбраната на „Азовстал“ Денис Прокопенко (Орест), Свјатослав Паламар (Калина), Сергеј Волински (Волин), Денис Шлега и Олег Хоменко ќе останат во Турција до крајот на војната.
Според Володимир Зеленски, тие ќе бидат „во целосна безбедност, во удобни услови и под лично покровителство на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган“.
Ова означува целосен триумф на Украина и аргументите на Зеленски, дека нема нацисти во неговата армија. Путин е засрамен пред цел свет, започна воена агресија со лажно алиби за ловеќе на нацисти, а сега откако истите ги олободи, сега имаат ново алиби, сега ловеле сатанисти кои ги имало во преголем број во Украина.
Очигледно единствениот нацист и сатанист во приказнава е само Путин и неговите бандити.
Азовци се заблогодарија на нивното ослободување од страна на Зеленски и Ердоган, како и на Украинците кои продолжуваат да се борат.