-4.2 C
Skopje
петок, април 7, 2023

ПУТИН ЈА ГУБИ КОНТРОЛАТА врз Русија, изјави неговиот прв премиер

ТОП ВЕСТИ



Поглед:
205


Првиот премиер под лидерство на Владимир Путин рече дека во говорот по повод Денот на победата покажал оти рускиот претседател е свесен дека неговата војна пропаѓа.

Поранешниот руски премиер Михаил Касјанов изјави дека Путин сега е во неволја и дека ова е, како што рече, почеток на крајот на ерата на Путин.

Тој во интервју за „Скај њуз“ рече дека рускиот претседател бил заведен и дека не очекувал толку висок отпор од Украина.

Поранешниот премиер, кој претходно се изјасни против војната, рече дека Путин го украл Денот на победата од Русија, создавајќи инструмент за пропаганда.

Тој рече дека тоа што денеска не е објавена победа значи дека руските сили губат сила. Во меѓувреме, друг поранешен руски политичар, исто така, сугерираше дека Путин може да биде сменет.

Генадиј Гудков, поранешен член на либералната опозиција во егзил, на „Твитер“ напиша: „Путин повторуваше цитати од фиока без да се осмели да каже нешто посериозно. Значи, Кремљ веќе нема никакви трикови. Сега поразот на Путин е прашање на време“.

Путин, пак изјави дека нема сомнеж оти специјалната воена операција на Москва во Украина ќе го постигне својот резултат, пренесе руската државна новинска агенција ТАСС.

„Сите наши планови се реализираат. Резултатот ќе биде постигнат – во тоа нема сомнеж“, рече Путин.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО