Поглед:
578
Претседателот на Украина Владимир Зеленски искажа посебна благодарност кон Македонија!
За првпат од почетокот на агресијата на Русија врз Украина, Киев добива помош од борбени авиони во странство, без разлика за каков тип и колкав број станува збор.
Она што дури и Полска не се осмели да го направи го направи Македонија. Без грам страв или паника за реакциите на Русија.
Македонија донираше 4 авиони СУ 25, како и 35 тенкови Т72.
Затоа специјалниот советник на Зеленски, Михајло Подољак твитна:
„Не е важно колку ти е голема државата или колку ти е голем БДП, важно е какво срце имаш. Многу нации денес покажуваат повеќе храброст од половина од Г-20. Исто како Македонија која донираше на Украина повеќе тенкови и авиони. Никогаш нема да го заборавиме.”
На ова реагираше официјална Москва со коментар: „Ова е голема грешка“.
На истото возврати официјално Скопје: „Ние сме суверена држава и сами одлучуваме што да правиме со нашето оружје, кое за неколку години ќе биде некомпатибилно со нашите барања“.