6.8 C
Skopje
среда, април 5, 2023

МАКРОН ПОТВРДИ воени авиони за Украина, РУСИЈА моли за мир

ТОП ВЕСТИ



Поглед:
2


Снабдувањето на Украина со борбени авиони би било еден од најголемите чекори досега за западна поддршка, а Москва предупреди дека тоа ќе ескалира и ќе го продолжи конфликтот. Истата таа Русија која изврши агресија, сега моли за прекин на конфликтот.

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека не ја исклучува можноста за испраќање борбени авиони во Украина. Украинскиот претседател Володимир Зеленски веќе подолго време бара од своите сојузници да испратат воени авиони, пишува „Гардијан“.

„Европа ќе биде со нас додека не победиме. Слушнав од бројни европски лидери се подготвени да ни го испратат сето потребно оружје и поддршка, вклучително и авиони“, рече Зеленски на вчерашната прес-конференција.

Кога новинарите го прашаа Макрон на крајот од самитот на лидерите на ЕУ во Брисел за испорака на борбени авиони, тој рече дека „не исклучува апсолутно ништо“.

„Секоја испорака на воени авиони е долгорочен процес, кој го вклучува и периодот потребен за обука на украинските пилоти. Во неделите и месеците што следат, на Украина пред сè и е потребна итна помош. Приоритет е да се испрати друго оружје.

Не исклучувам ништо, но тоа не ги исполнува денешните барања. Од клучно значење е сојузниците да дадат приоритет на испораката на најкорисната опрема“, рече Макрон наведувајќи ги како пример топовите „цезар“ и „мамба“ со среден дострел од површина до систем за воздушна одбрана обезбеден од Франција.

Снабдувањето на Украина со борбени авиони би било еден од најголемите чекори досега за западна поддршка, а Москва предупреди дека тоа ќе ескалира и ќе го продолжи конфликтот.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО