-4.2 C
Skopje
петок, април 7, 2023

МАКРОН и ШОЛЦ до КУРТИ да се подготвува за најтешкото

ТОП ВЕСТИ



Поглед:
26


Освен на Вучиќ, францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц испратиле писмо и до премиерот на Косово – Албин Курти, и тоа со предупредувачка содржина.

Лидерите на двете земји од ЕУ го информирале Курти дека назначиле по еден советник за поддршка на Мирослав Лајчак, но и предложиле тројцата заедно да ги посетат Белград и Приштина.

Во писмото се наведува дека му го испраќаат на Курти во „клучен момент и за безбедноста на европскиот континент и за стабилноста во регионот на Западен Балкан“.

„Убедени сме дека во светлината на руската агресија против Украина, мораме да направиме уште посилни напори за да ја направиме европската перспектива на земјите од Западен Балкан реалност и да ги решиме долготрајните билатерални и регионални спорови“ – посочија тие.

Со други зборови му кажаа на Курти дека во интерес на Европа е Балканот да се тргне од руско влијание и да се интегрира во ЕУ, а тоа ќе значи дека Косово не може да добие независност бидејќи тоа ќе биде алиби за независните руски рапублики на територија на Украина.

Тие наведуваат и дека целосната нормализација на односите меѓу Белград и Приштина е од клучно значење за Западен Балкан, а како и досега го повикаат Курти да биде подготвен за „тешки одлуки“.

„Ви се обраќаме како лидер на вашата земја да апелираме до вас да покажете максимална решителност и подготвеност да донесете тешки одлуки кои водат до напредок во дијалогот Косово-Србија предводен од ЕУ“ – се вели во писмото.

Тие, исто така, посочија дека неодамнешните тензии покажаа дека итно се потребни конструктивни чекори напред, како на практично, така и на политичко ниво.

„Затоа, ги задолживме нашите советници за надворешна и безбедносна политика, г-дин Јенс Плотнер и г-дин Емануел Боне, директно да го поддржат Мирослав Лајчак во неговите напори“ – се додава во соопштението.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО