Поглед:
31
Европската унија бара од Македонија да воведе визи за граѓаните на Косово. Оваа барање кое власта на ДУИ И СДСМ ја кријат ја објави амбасадорот на Косово во Белгија Агрон Бајарами.
Апсолутно е неприфатливо барањето на Европската комисија да го наведат Косово за кои треба да бидат потребни визи за Црн Гора и Македонија.
Посебно вознемирувачко што со години на Косово неправедно му се одбиваше визна либерализација и сето ова доаѓа по договорите од Берлинскиот процес-напиша Бајрами на Твитер, ви преенсуваме оригинал:
Absolutely unacceptable for @EU_Commission to list Kosovo as one of visa-required third countries asking 🇲🇪 & 🇲🇰 to introduce visas for 🇽🇰!
Especially disturbing as for years Kosovo was unjustly denied #VisaLib! Double so as all this comes after Berlin Process agreements! pic.twitter.com/dJo9rDpoDc— Agron Bajrami (@AgronBajrami) December 5, 2022
Ова барање од ЕУ кон Македонија е веќе подголго време, но власта на ДУИ одбива да го спроведе. Пред неколку дена МНР објави дека се воведуваат визи за неколку земји меѓу кои Куба и Боцвана но не и за Косово.
Ова е огромен скандал, каде владата на Таче и Ахмети, која се нарекува проевропска, дирекно работи спротивно на насоките на ЕУ и она што се стандарди за влез во Унијата. Тоа е доказ дека Македонија е заложник на Косово на патот кон ЕУ.
Со оглед на фактот да ова е исклучителен скандал, Европската комисија (ЕК) се повлече од препораката за воведување визи за граѓаните на Косово при влез во Црна Гора и Македонија, се вели во коригираната верзија на Петтиот извештај за следење на безвизниот режим со земјите од Западен Балкан и Грузија, Молдавија и Украина, објави РТЦГ.
Косово е изоставено од поглавјата за Црна Гора и Македонија, се наведува во исправката објавена на 6 декември.
На 5-ти декември беше објавен Петтиот извештај за мониторингот на безвизниот режим со земјите од Западен Балкан и Грузија, Молдавија и Украина.
Во тој документ, Косово беше наведено меѓу земјите чии граѓани патуваат без визи во Црна Гора и Македонија, додека им треба виза за патување во ЕУ. Од Подгорица и Скопје беше побарано да ја усогласат својата визна политика кон другите земји со визната политика на ЕУ.