-4.2 C
Skopje
петок, април 7, 2023

Додека Тупанчевски очекува екстрадиција, ГРУЕВСКИ РАЗВИЛ БИЗНИС од најмалку 10 сектори

ТОП ВЕСТИ



Поглед:
47


Додека Тупанчевски подготвува ново барање за екстрадиција,  Груевски го развива својот нов бизнис

Досега е испратено барање за екстрадиција на Груевски од ноември 2018 година и едно дополнување на барањето од јуни 2019 година.

Екстрадицијата е побарана за сите случаи за кои се водат постапки пред македонските правосудни органи, односно за сите постапки за кои е распишана потерница.

Унгарија го одби барањето за екстрадиција на 5 август 2019 година со образложение дека на Груевски му е даден азил и согласно со тамошниот закон не може да биде предаден на државата од која избегал.

Според најавите од Министерството за правда  повторно ќе испрати барање за негово испорачување во Македонија.

По бегството во Унгарија, Груевски избегнува појавување во јавноста и малку е познато за неговиот живот и активности, но тој повторно стана актуелен во унгарските медиуми кога минатата година ја регистрираше фирмата И.Ц.И.Ц.

Новата фирма на Груевски од 14 јули 2021 година се наоѓа во куќа на улицата „Бошкаи“ број 9 во селото Пецел, кое се наоѓа на 20 километри од Будимпешта.

Станува збор за друштво со ограничена одговорност И.Ц.И.Ц (И.Ц.И.Ц.). Груевски побарал и добил одобрение да почне бизнис со фирма, според документите објавени во унгарскиот Централен регистер на фирми.

Фирмата на Груевски планира широки бизнис-активности во најмалку 10 различни сектори, според увидот во документите. Регистрацијата на фирмата го чинела поранешниот македонски премиер 8.350 евра.

Главниот фокус на компанијата е бизнис-консултација, но таа е лиценцирана да води широк спектар на активности, како продажба на порцелан, производи од стакло, производи за чистење, храна, пијалаци и тутун, како и водење на пи-ар, комуникации и маркетинг.

Груевски при регистрацијата на фирмата ја навел адресата на својот адвокат во Будимпешта, а како втора адреса ја навел онаа во Скопје, на улицата Павел Шатев број 3 во Кисела Вода, според извори на германскиот медиумски сервис.

Се смета дека некогашниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ бележи добар почеток во бизнисот откако неговата консултантска фирма во Унгарија остварила заработка од 10 илјади евра во првите пет месеци од годинава, според унгарските медиуми.

Не се познати активностите што придонеле за профитот, но локалните медиуми шпекулираат дека заработката можеби е поврзана со унгарското министерство за надворешни работи.

А унгарскиот шеф на дипломатијата Петер Сијарто не ги крие редовните средби со Груевски, како што тврди „Балкан инсајт“.

Згора, Груевски е меѓу седуммина бизнисмени и некогашни функционери од Балканот што се најдоа на проширената „црна листа“ на Канцеларијата за контрола на странски капитал (ОФАЦ) при Министерството за финансии на САД од април годинава, со образложение за нивна наводна вмешаност во значителна корупција.

Тие се цел на извршната уредба 14033 според која се казнуваат оние што претставуваат закана за стабилноста на регионот, а проширувањето на листата е во согласност со декрет на американскиот претседател Џо Бајден од минатата година. На листата се најде и фирмата И.Ц.И.Ц. што Груевски ја отвори во Унгарија.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО