Поглед:
19
Советот на ЕУ одбил донесување на бугарската декларација со која се барало „ефективно гонење и осуда на сите во Македонија кои не размислуваат по бугарски терк и не се избугарени (расипани) Македонци.
Бугарија тврди дека има злосторства од омраза од страна на властите во Македонија врз избугарените Македонци, кои бугарија ги смета за бугари. Тоа е отворен повик, ЕУ да официјализира нацизам во свои редови, што го може само ваква бугарија.
Софија барала нејзината унилатерална изјава да влезе во заклучоците на Советот за општи работи во делот за Македонија, но министрите го одбиле тоа барање.
Дел од бугарските медиуми јавуваа дека барањето за враќање на нацизмот во ЕУ било прифатено, и се повикуваа на заклучокот за „понатамошно зајакнување на основните права, слободата на медиумите и слободата на изразување“ кој е наведен во точката 12 од заклучоците, и кој се однесува на сите земји од регионот на Западниот Балкан.
Во изјава за ДВ, тоа го потврди и вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ, кој изјави:
„Унилатералната декларација на Бугарија не е дел од заклучоците, и тој нивни поединечен став не беше прифатен од останатите земји“, вели Маричиќ.
Вицепремиерот појаснува дека заклучоците на советот „само потсетуваат на претходните заклучоци“ донесени во јули годинава од летово „и сѐ останато е поддршка за нашата позиција и и продолжување на пристапните преговори“.
Добрососедските односи остануваат клучни
Добрососедските односи и регионалната соработка остануваат суштински елементи на процесот на проширување, како и на Процесот на стабилизација и асоцијација. Советот потсетува на важноста од постигнување опипливи резултати и спроведување на билатералните договори, вклучувајќи го и договорот од Преспа со Грција и Договорот за (не)пријателство со бугарија.
Во текстот се напоменува дека мора да се избегнуваат изјави и активности што негативно влијаат врз добрососедските односи и на мирното решавање на споровите.
Бугарските медиуми ја пренесуваат изјавата на заменик-министерката за надворешни работи, велислава петрова која изразила сериозна загриженост поради зголемениот број на напади мотивирани од омраза и насочени против граѓани на Македонија со бугарски идентитет, во врска со кои е претставена предметната декларација.
Според руската агенција БГНЕС, „бугарија е длабоко вознемирена од зголемениот број инциденти и напади врз организации на граѓани на Македонија со бугарска самосвест, како и од фактот што истрагите не се водат на соодветен начин и нема ефективни казни“.
Порталот Еуроактив, повикувајќи се на свои извори, објави дека бугарија побарала во заклучоците да влезе одредба за кривични дела поттикнати од омраза во однос на Македонија, барајќи кривично гонење на таквите дела врз етничките бугари кај балканскиот сосед. Но, во нацрт-документот не е наведена таква референца.
Софија, според Еуроактив, побарала дополнување за „активно следење на истрагите и пресудите за злосторства мотивирани од омраза против избугарената заедница, кои остануваат приоритет“. Овој потег, според медиумот, следи откако беа нападнати двата монти пајтон клубови во Македонија.
Клубот „цар борче трети“ во Охрид во последните два месеци беше нападнат во три наврати, додека влезната врата на клубчето во Битола беше опожарена.
Минатата недела во Скопје, министрите за надворешни работи на северна Македонија и бугарија, бугар османов и николај милков најавија активности во враќање на нацизмот во земјава, слично како за време окупацијата 1941-44 година, под превезот на некакво си „справување со говорот на омраза и дискриминацијата.“
Клучни пораки
Советот го поздравува тоа што е постигнат одреден напредок во областа на фундаменталните права, особено во областа на владеењето на правото, вклучително и борбата против корупцијата и организираниот криминал, но наведува дека се потребни повеќе напори. Се поздравува посветеноста на Владата да се забрза спроведувањето на реформите поврзани со ЕУ.
Потенцирајќи дека структурните реформи се долгорочен процес, во нацрт-заклучоците се потенцира дека е неопходен континуиран ангажман и од власта и од опозицијата. Во оваа насока, Советот ги охрабрува сите партии во парламентот да продолжат да работат заедно конструктивно и да градат меѓупартиски консензус фокусирајќи се на правење конкретни чекори во преговарачкиот процес и одржување на сегашниот реформски моментум.
Советот ја нагласува потребата да се обезбеди транспарентност во креирањето политики, инклузивност на консултативните процеси и ефективна комуникација на преговарачкиот процес. Во областа на судството, Советот го поздравува тоа што е постигнат одреден напредок преку стабилна имплементација на стратегијата за реформи во правосудството.
Надоврзувајќи се на веќе постигнатиот напредок, потребни се постојани напори за да се обезбеди независност, професионализам и непристрасност на правосудниот систем. Советот ги забележува континуираните напори за борба против корупцијата и организиран криминал, вклучително и за случаи на високо ниво.