-4.2 C
Skopje
петок, април 7, 2023

Белорусија поставува ТРВЕНИ ТЕНКОВИ, го лажат ПУТИН

ТОП ВЕСТИ



Поглед:
12


Армијата на Белорусија распореди дрвени модели на тенкови на границата со Украина. Портпаролот на Министерството за одбрана на Украина, Олександр Мотузјаник, извести за дрвените маневри долж граничната линија, цитиран од „Украинскаја правда“.

Според украинската страна, во Белорусија се одржува настан за да се покаже присуство долж граничната линија, за да го залажуваат Путин дека и тие се влезени во војната, макар со мобилизација на армијата.

„За извршување на операции за оперативна камуфлажа и демонстрација на нивното присуство, единиците на вооружените сили на Белорусија распоредуваат дрвени модели на тенкови во пограничните области на Украина“, рече Мотузјаник.

Во меѓувреме, долж границата, белоруските сили распоредија најмалку 7 баталјони во областите на регионите Брест и Гомел. Станува збор за околу 4.000 лица, но според Мотузјаник треба да се знае дека таму има и руска војска.

Портпаролот на Министерството за одбрана не ја наведе точната бројка, но најави дека има голем број населби во кои се населени Руси.

„Со оглед на логистиката што Белорусија и ја дава на руската армија, сосема е можно Русите доволно брзо да пренесат дополнителни резерви на територијата на Белорусија, па дури и да подготват офанзива. Но, за ова е потребна подготовка, која во моментов не се почитува“, коментира Александар Мотузјаник.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО