6.8 C
Skopje
среда, април 5, 2023

ЈАК ШАМАР за тачињата, ЕУ соопшти кога ќе влеземе

ТОП ВЕСТИ



Поглед:
7


Заменик-амбасадорот на ЕУ Џулијан Васало вели дека целта што си ја постави македонската влада за влез во ЕУ е остварлива, бидејќи земјата не ги почнува преговорите од нула, но за тоа ќе мора да почека.

На брифинг за новинарите за скрининг процесот, кој веќе е започнат и треба да трае нешто над година, тој кажа дека е можно Македонија треба прво да ги стигне Србија и Црна Гора кои од поодамна преговараат со ЕУ, па потоа да планира влез во Унијата.

„ЕУ не сака да прима поединечно земји, туку да собира земји и во бранови да се проширува, од практични причини. Тоа што Србија и Црна Гора имаат отворено поглавја во преговорите е предност за Северна Македонија и Албанија. Вие не почнувате од нула и верувам дека ако има политичка волја реално е да се очекува да ги стигнете Србија и Црна Гора. ЕУ преферира сите заедно да влезете“, вели Васало.

Односно, Македонија ќе влезе во ЕУ откако Србија ќе ги затвори прашањата како Косово и Босна, а тоа значи никогаш! До сега Македонија исполнуваше грчки и бугаски услови, сега ќе исполнува и српски и косовски. Брука за ЕУ!

Васало вели дека интерес на ЕУ е да има забрзана интеграција, да не се чека Македонија да биде дел од ЕУ за да може да има корист земјата, туку да добие финансиска поддршка и да учествува на експертски состаноци и други иницијативи уште додека трае преговарачкиот процес.

„За нас вие сте идни партнери на масата, во наш интерес е да ви помогнеме да ги исполните стандардите“, вели тој.

Васало јасно ќажа дека Македонија не ги има започнато преговорите со ЕУ, дека идната година ова време скринингот ќе биде при крај и кај нас и во Албанија и тогаш земјата ќе биде пред избор дали ќе го промени Уставот и заедно со Албанија ќе започне преговори или ќе остане зад сите земји од Балкан.

„Веќе нема Грци, Французи, Бугари. Сега одлуката е ваша. Само треба да се исполни обврската кон Бугарија“, кажа Васало. Со други зборови, доволно е само да ја исполните желбата на Бугарија и да станете Бугари, после лесно влегувате во ЕУ.

Во врска со уставните промени, Васало вели дека опозицијата особено ВМРО ДПМНЕ постојано повторува дека ги поддржува европските интеграции и дека во одреден момент ќе треба да преземе одговорност, доколку сака да ја види земјава како го продолжува својот пат.

Прашан за бугарските провокации со имињата на бугарските клубови во Македонија, тој одговори дека ЕУ не сака да се бави со историја.

Од друга страна, не му смета бугарскиот историски услов за влез во ЕУ.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО