-4.2 C
Skopje
петок, април 7, 2023

ДОБРО УТРО СО АМАТЕРКАТА И ВЛАДИНИТЕ ПОТРОШУВАЧИ

ТОП ВЕСТИ



Поглед:
1


СЕКОЈ ШТЕДАЧ СИ ИМА СВОЈ ПОТРОШУВАЧ

пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкултет

Привремени решенија – ветување во магла

Двоглавата влада СДСМ-ДУИ  на чело со Кресник Бектеши како министер за економија „се испотепа“ да им обезбеди непречено крадење на електрична енергија на арачиновци. Арачиново доби струја, откако се најде привремено решение- екипите на ЕВН да влезат во општината. Но никој не кажува како и дали ќе се наплатуваат кражбите на струја, кои досега ги плаќаа сите граѓани.

Загубите на струја само во Арачиново, според ЕВН, се 6 милиони евра годишно. За да биде уште поубедлив во одбрана на арачиновци наброја и останатите општини со  напомена дека ќе се постапувало согласно закон. Куманово каде загубите биле 16% , Тетово со скоро 12%, Гостивар 19%, Кичево 12%, а Скопје со дури 19,6 отсто.

Откако „го среди“ Арачиново да си продолжи како и до сега се пофали дека Министерството за економија подготви план за заштеда на струја.

Граѓаните добија препораки, а државните институции конкретни задолженија како да заштедат. За оние кои нема да ги почитуваат владините насоки ќе следат казни. Целта е да се намали потрошувачката за 15 отсто во однос на минатата година. Како планира владата да заштеди, не е сосема јасно ако се земе предвид податокот дека во споредба со минатата година го „натрупа“ јавниот сектор со нови 900 вработени, а јавните установи со над 1000!? Тоа би занчело зголемување на потрошувачката и 1900 нови потрошувачи во споредба со минатата година. Или, 1900 компјутери, клима уреди и грејни тела повеќе во однос на минатата година. Повеќе од јасно е дека овие препораки нема да го постигнат ефектот.

Заклучокот е јасен

Чесните граѓани да продолжат да си ги плаќаат високите сметки за струја, а со тоа да се покриваат загубите од крадачите на истата, Оние што не плаќаа да продолжат така  затоа што си имаат поддршка од власта, никој ништо не им може. Менаџментот на државните институции да се потруди како знае да направи помала потрошувачка од минатата година и со плус 1900 потрошувачи, во спротивно ќе следат казни. Тоа реално може да се постигне ако ови 1900 не доаѓаат на работа, а да си земаат плата па овие останативе што мора да работата да им сработат и за нивната плата. Притоа да вниваат на препораките, да штедат за да не бидат казнети па да им скратат од сработеното.

Ама најважно од се,  истите овие што ги учат граѓаните како да  штедат  овој викенд на Самитот во Белград си однесоа  150 избраници, партиско друштво на државна сметка за да дегустираат вино и да се журкаат по ноќните клубови. Сето тоа било многу значајно за престојната енергетска криза.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО