Поглед:
4
КРИМИНАЛНИ мрежи во Западен Балкан станаа клучни и на регионалниот пазар на дрога и на Европската унија, се вели во извештајот објавен денеска од Агенцијата за наркотици на ЕУ (EMCDDA).
Извештајот покажува дека стратешката и географската положба на земјите како Албанија, Црна Гора, Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Косово, во корелација со големата побарувачка на наркотици, особено во Европската Унија и Турција, ги забрза активностите на криминалните групи, пренесува Ројтерс.
Некои земји од ЕУ се на рутите на трговците со луѓе кои минуваат низ Западен Балкан пред повторно да влезат во ЕУ. Ова значи дека тековите на трговија со луѓе може да бидат сложени, се вели во извештајот на агенцијата, кој е дел од поголема регионална студија спроведена помеѓу 2019 и 2022 година.
EMCDDA укажува на оперативното присуство на групи од Западен Балкан во Белгија и Холандија, каде пристаништата Антверпен и Ротердам се важни за увоз и дистрибуција на дрога во ЕУ.
Германија, Италија, Шпанија, Швајцарија и Обединетото Кралство се исто така важни дестинации за овие групи кога станува збор за пазарот на кокаин, хероин и канабис во Европа.