-4.2 C
Skopje
петок, април 7, 2023

Пред нас се непреспиени ноќи и многу тешки денови

ТОП ВЕСТИ



Поглед:
5


Српскиот претседател Александар Вучиќ рано утринава допатува во Брисел, каде што се сретна со високиот претставник за надворешни работи Жозеф Борел и со специјалниот претставник на ЕУ Мирослав Лајчак. Средбите траеја со часови, а на крајот претседателот го соопшти исходот од овие средби.

Вучиќ изјави: Од мене нејасни причини не успеавме да постигнеме апсолутно никаков договор, српската страна беше целосно конструктивна и ги прифативме 10 пати сменетите текстови, а албанската страна не сакаше ништо да прифати ниту една секунда, секогаш додаваа нешто што очигледно не беше можно.

Ќе му се обратам на нашиот народ. Пред нас се непроспиени ноќи и многу тешки денови, но ќе слушаме кои ќе бидат советите и барањата на високите лидери. Беше побарано да не издаваме нови  таблички, тоа ќе го почитуваме. Ќе видиме што ќе направи другата страна. Мислам дека денес на сите во ЕУ им е јасно кој бил конструктивен и сакал договор.

Значи она на што инсистиравме е дека потпишаните договори мора да се почитуваат.

Мислам дека немаме трагедија, но нема да биде лесно во наредниот период. Или вечерва или утре во текот на денот ќе им се обратам на граѓаните на Србија и сакам да им порачам на жителите на Косово и Метохија дека ќе бидеме со нив.

На покана на Борел е одржан итен состанок во рамките на дијалогот меѓу Белград и Приштина, кој треба да има одвоени средби со премиерот на приштинските институции  Курти и со претседателот Вучиќ.

Како што претходно соопшти Европската служба за надворешни работи, Борел има одвоени разговори со лидерите со почеток во 20 часот. Борел синоќа изјави дека е неопходно да се запре решавањето на кризните ситуации и да се оди кон нормализација на односите.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО