-4.2 C
Skopje
петок, април 7, 2023

(Видео) АЛБАНСКАТА МАФИЈА ја преплави Белгија со дрога

ТОП ВЕСТИ



Поглед:
24


Белгија долго време имаше репутација на здодевна земја, која го следи владеењето на правото, но неодамна стана европски центар за шверц на кокаин.

Антверпен учествува со 40 отсто од сите заплени кокаин во Европа бидејќи ова белгиско пристаниште стана влезна точка за јужноамериканскиот кокаин.

Но, клучна улога во овој нелегален бизнис имаат криминалните организации од Западен Балкан, пред сѐ, од Хрватска и Албанија, тврди „Економист“, кој направи извештај за тоа.

 

Количината запленета дрога во Европа постојано се зголемува. Само во Антверпен минатата година биле запрени 80 тони кокаин, а во 2016 година само 30 тони. Последиците се корупција на локални и национални функционери и насилство на улиците.

Во јуни 2020 година полицијата во околината на Антверпен пронашла контејнер со специјални алатки и комора за мачење опремена со стоматолошки стол и звучна изолација, како и лажни полициски униформи и автоматско оружје.

„Ваквите откритија се застрашувачки бидејќи ги откриваат потенцијалите и можностите на криминалните организации“, изјави Кристијан Вандерварен, директор на белгиската царина.

Кокаинот најчесто се крие меѓу бананите во контејнерите што пристигнуваат од Колумбија. Како евтино и ефикасно средство за транспорт на стоки, контејнерите за транспорт се основата на меѓународната трговија. Од истата причина тие се интересни и за организираниот криминал.

Во текот на 2021 година во цела Белгија беа запленети 101 тон кокаин, а Холандија е на второто место по заплени во Европската Унија со 80 тони. Сепак, полицијата смета дека е запленета само 10 отсто од вкупната количина кокаин што влегува на европскиот пазар.

„Цената на кокаинот во Европа е повисока отколку во САД, има помала конкуренција и помал ризик“, изјави Џереми Мекдермот од непрофитната истражувачка организација InSight Crime за „Економист“.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО