Поглед:
179
Илјадници Албанци се собраа денеска во центарот на главниот град на Велика Британија бидејќи сметаат дека во нивната земја не се почитуваат нивните човекови права.
Насобраните побараа од власта да не прави дискриминација, наведувајќи дека не се сите Албанци криминалци, што беше реакција на такви квалификации изрешени од повеќе британски политичари и објави во британските медиуми на што, претходно, реагираше и албанскиот премиер Еди Рама.
Во еден момент учесниците на протестот го покриа споменикот на Винстон Черчил со албанско знаме, на што жестоко реагираше британскиот политичар Најџел Фараж, кој на својот Твитер профил настанот го нарече срам и додаде дека учесниците на протестот не почитувајте ја Велика Британија.
Британската министерка за внатрешни работи Суела Браверман приливот на албански бегалци во таа земја претходно го окарактеризира како „инвазија“.
Албанците сметаат дека Британија не е демократска земја, дека не им дава слобода да вршат злосторства по улиците на Лондон и слободно да развиваат криминал како во Македонија или Косово или Албанија, каде прават се што ќе посакаат.
Британија, која ги прифатила овие азиланти со приказната дека немаат човекови права на Балканот и се малтретирани, сега на свој грб го осети албанскиот шовинизам и фактото дека навистина се малтретирани и во самиот Лондон.