Поглед:
20
„Во ликвидација“ – пишува во досието на Централниот регистар на Бугарија покрај името на Граѓанското здружение за заштита на основни индивидуални човечки права, организацијата која го отвори клубот „Никола Вапцаров“ во Благоевград
Причината за затворањето на здружението регистрирано во 2019 година е процесот кој уште истата година го почнува тамошното обвинтелство, но сега добива правна разврска.
Уште не се средија впечатоците од Благоевград, а граѓанското здружение што го отвори клубот „Никола Вапцаров“ во Бугарија заминува во ликвидација.
„Јас не знаев, сега станав свесен дека нашето здружение е укинато.“
вели Атанас Мазнев, основач на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“.
Одлуката е правосилна од првата половина на месецов, а основата е случај отворен од јавното обвинителство во Благоевград со тврдење дека целите на Граѓанското здружение за заштита на основни индивидуални човечки права, регистрирано во 2019 година, се спротивни на бугарските Устав и закони.
Независно од судските одлуки, градоначалникот на Благоевград вели дека отворањето на клубот „Никола Вапцаров“ било приватен чин. Kога ќе се отвора државен Културно-информативен центар…