Поглед:
2
Никола Груевски, кој беше сменет од позицијата лидер на ВМРО ДПМНЕ поради реформите во партијата, не може да си опрости до денес и сеуште тврди дека можел и тој да биде реформатор, дека не требало да има бојкот на референдумот за името, дека потребна била измена во работата на власта, но никако да ја види гредата во сопственото око, односно вината која е само негова.
Не може да се прави компромис за тоа што се гинело стотици години на овие простори, за коешто луѓето ги давале животите, за коешто децата ги оставиле сираци, и јас сега да одам и за да си ја задржам власта, за да некој амбасадор ме потапка по рамо, да продадам сѐ. Тоа е целата работа, тоа е приказната, вели Груевски.
Груевски рече и дека неговата партија многу лесно можела да се однесува како Зоран Заев со соседите, сѐ да прифатат, сите штетни за Македонија работи да ги прифатат и тој да биде најголемиот реформатор.
Но кои се реформите што се бараат од Заев, да ги направи сите отстапки кои ги бара Грција, коишто ги бара Бугарија, што се бараат поврзано со Тиранската платформа и нешто друго што може да произлезе во меѓувреме и тој ќе биде најголемиот реформатор, запраша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
„Зарем јас не можев да бидам “реформатор’? Можев! Ќе излезев и ќе кажев: почитувани граѓани, мислам дека треба да прифатиме ново име на државата, нацијата, јазикот, историја на друга држава е наша историја итн… Многу лесно можев да го правам тоа, но јас одбрав друг пат. (не кажа дека патот за Будимпешта му беше одобрен поради дирекно учество во промена на името во Собрание со осумте пратеници.)
Одбрав пат да ги штитам интересите на тие коишто ме одобрале да им бидам претставник. Јас сум избран на избори, не сум избран од некои странци, избран сум од народот на оваа држава, од граѓаните во оваа држава, од најголем број граѓани кои се поделиле кој за која партија, најголем број граѓани гласале за мојата партија и јас на чело на таа партија и со мене на чело на таа партија.
Јас така ја разбирам политиката, јас морам да ги штитам нивните интереси и да се обидам да направам максимум“, рече Груевски.
Додаде дека компромиси во дипломатијата има, но треба да се знае до каде може да се прават, до каде е црвената линија, а не по секоја цена за да се дојде на власт, или за да се задржи власта, или за да бидеш наречен реформатор.