„Магија, и тоа обично е од блиски, кои ви доаѓаат дома. Или е од завист и љубомора кон вас…“, гласи еден од коментарите, а другите се шеговити од типот: „Стави го на Пазар3 или како ручни рад и стави му добра цена…“ и „Сеа у баба ми треба да сумњам брееееј.“
Отворете некој македонски форум на тема магии и бабини деветени и ќе биде вчудовидени од тоа колку во Македонија се верува во вакви работи.
Да, во 21-ви век… Неверојатно, зарем не? Изгледа дури несфатливо.
Еден твит од Македонец е доказ за ова дека луѓето уште веруваат во такви глупости и прават такви работи.
Тој сподели фотографија од клуч залепен со селотејп со крст и што уште не и напиша:
„21 век и луѓе уште прават вакви работи, вознемирувајќи стари и млади дома. Дали некој знае можеби кој прави вакви работи кај нас ? Вака, завиткано во кеса и оставено ДОМА, пази не у двор, него дома. Ако знае некој нешто, што е ова, инфо плис!“
21 век и луѓе уште прават вакви работи, вознемирувајќи стари и млади дома. Дали некој знае можеби кој прави вакви работи кај нас ? Вака, завиткано во кеса и оставено ДОМА, пази не у двор, него дома. Ако знае некој нешто, што е ова, инфо плис !!! pic.twitter.com/RpqlXscZTK
— Стеки. (@Dr_Ofboli) October 13, 2022
На твитот има доста реакции меѓу кои, некои со совети, а други шеговити:
„Магија, и тоа обично е од блиски, кои ви доаѓаат дома. Или е од завист и љубомора кон вас, не може да ве гледа ако имате успех на некои полиња, или е да ви ги украде благословот за да дојде во нивниот дом, зашто нешто не им оди. Звучи безазлено, ама сè уште прават вакви работи. Битно е да не се плашите, и слободно фрлете го во ѓубре. И внимавајте кого пуштате дома. Каменот од блиску доаѓа.“
„Стави го на Пазар3 или како ручни рад и стави му добра цена…“
„Гледај ги црна свадба и певачица. Србите неколку нови серии имаат со вакви работи.“
„Баш тоа, нешто да вознемири – ако си кул нема врска, ако не си – успеал, те вознемирил.“
„Јас не знам како се постапува со вакви работи, но, зошто одредени луѓе сакаат да наметнат лоша енергија, не знам. Ги имало и ќе ги има. Злоба! Секако не е некој со добра намера, та го нарекле ние магија, или не знам како. Ова е од чоек демек добронамерен, а всушност – злонамерен!“
„Хари потер сите делови ми се глеани.“
„Ова е или ѓубре за у канта или бескорисно суеверие бирај.“
„Сеа у баба ми треба да сумњам брееееј.“
„Греота и ужас!“