2.8 C
Skopje
вторник, април 4, 2023

Запознајте го 25-годишниот Стефан, прво лице со Даунов синдром вработен во општина Кисела Вода

ТОП ВЕСТИ

Стефан Трпковски,  25 годишно момче, лице со Даунов синдром од пред извесно време e вработен во општина Кисела Вода, како прво лице со даунов синдром вработен во општина. Стефан е одговорен за работа во бифе, а Ние го посетивме во неговата работна просторија, за да ни раскаже како се снаоѓа со новата работна позиција, какво кафе најмногу сака да прави и дали колегите го прифатија.


Стефан е одговорно момче а за времето за кое е вработен одлична ја усовршил својата рутина и навремено ги извршува неговите задачи. Слободното време ги користи за играње фудбал и танцување, а голем вљубеник е во тангото. Во неговото бифе се е распоредено според негов вкус, а и одлично е прифатен од колегите. Најмногу сака да прави турско кафе, а така беше и при нашата посета во Општината, кога разговаравме со градоначалникот Орце Георгиевски, Стефан дојде и не послужи со кафе, по што се врати на своето работно место каде продолжи со редовните обврски.

Градоначалникот Георгиевски посочи дека Стефан одлично се вклопи во новата средина и одлично комуницира со целиот тим и вработени во Општина Кисела Вода.

Ваквиот чекор според градоначалникот е показател за инклузивност на дело, со оглед на тоа дека децата со попреченост чекаат конкретни чекори а не само убави мерки напишани на хартија.

Во склоп на општината се работи на целосна инклузивност и на лицата со друг вид на попреченост преку отворање дневни центри, градинки и пристапност на локациите за лицата со попреченост.

Стефан Трпковски е одраз на сите лица со даунов синдром, дека и тие се способeн да работат и допринесуваат за доброто на општеството во рамките на своите можности и заслужуваат шанса и можност за подобар живот, а ние можевме да се увериме дека кафето кое Стефан го подготви е навистина вкусно.

Кирил Стојанов | Сител телевизија

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО