11.8 C
Skopje
среда, април 26, 2023

Запленетото овошје и зеленчук од Кванташки заврши кај децата во разни установи

ТОП ВЕСТИ

По завршување на координираната акција на Кванташкиот пазар која денес Државниот пазарен инспекторат ја спроведе заедно со Управата за финансиска полиција, Министерство за внатрешни работи и Агенцијата за управување со одземениот имот, одржавме средба со г-дин Дритон Небиу, директор на Агенцијата и заеднички одлучивме запленетата роба од овошје и зеленчук да биде донирана во државните установи каде што е најнеопходна, напиша градоначалникот на о. Центар на друштвените мрежи.


Тој додаде:

Донации од запленетите овошје и зеленчук предадовме за децата од малите групни домови на Ј.У.Д.Д. ,,11 Октомври. -Скопје, Државно училиште за рехабилитација за деца и младинци со оштетен вид ‘’Димитар Влахов ‘’ Скопје, ЈЗУ Универзитетска клиника за физикална терапија и медицинска рехабилитација – Скопје, Здружение за слепи лица – Куманово, Ј.З.У Специјална болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“, ЈЗУ Психијатриска болница „Скопје“ – Скопје, Институт за белодробни заболувања кај децата Козле, ЈУ Завод за рехабилитација на деца и младинци – Скопје и во КПУ Идризово.

Изразувам благодарност до премиерот на Владата Dimitar Kovacevski и министерот за економија, Kreshnik Bekteshi за дадената поддршката и цврстиот став за решавање на проблемот со високите цени на производите. Се работи за доброто на граѓаните и секое заобиколување на законите ќе се санкционира, затоа што системот мора да функционира во целост со доследно почитување на законските прописи.
Им благодарам и на пазарните инспектори и на колегите од надлежните институции кои несебично и најпрофесионално си ја завршија работата.
Продолжуваме понатаму со активностите на терен!

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО