Поглед:
19
Претседателот на Србија Александар Вучиќ се огласи за изјавата на министерот за внатрешни работи на Косово Џељаљ Свечија, кој му се закани дека „го чекаат тешки денови, недели, месеци“.
Тој мене ми се закани, тој потрчко на (косовскиот премиер Аљбин) Курти. Немам проблем со тоа. Само нека продолжи да се заканува“, наведе Вучиќ.
На централната манифестација по повод Денот на српското единство, слобода и национално знаме, која вчера се одржа во Бјељина, Вучиќ на присутните им кажа дека во овој историски момент Србите треба да се обединат под државното знаме.
„Србија се соочува со многу предизвици, се нафрлија на Косово и Метохија по секоја цена и сакаат да го грабнат од нашите раце, се нафрлија и не прашуваат ни зошто, само сакаат да го завршат она што го почнаа, а јас можам да им порачам само едно: Сакате да ни ја земете земјата по ширина и по должина, а ние ни педа нема да дадеме“, истакна вчера Вучиќ.
Заканите на министерот за полиција на владата во Приштина, Џељаљ Свечија, се одговор на изјавата на српскиот претседател дека Србија нема да дозволи да ѝ се одземе ни педа земја.