-4.2 C
Skopje
петок, април 7, 2023

ЗАГРИЖУВАЧКА ВЕСТ – Вечерва МОБИЛИЗИРАНА цела специјална полиција на КОСОВО

ТОП ВЕСТИ



Поглед:
4


Цела специјална полиција на Косово вечерва е испратена на 4 локации, ситуацијата е на работ на конфликт, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.

Тој предупреди дека од утре почнува тежок период и дека е загрижен.

Од утре ни претстои тежок период, многу непроспиени ноќи. Мораме да бидеме загрижени, но нема место за паника. Ситуацијата е тешка, на работ на конфликт, буквално, и знам дека претставниците на Србите ќе ми кажат дека им е доста од се и дека секој може да умре, но мора да знаат дека животот на сите нам ни е поважен од било што друго.

И дека мора да разберат, изјави Вучиќ. Ја повика меѓународната заедница да помогне за зачувување на мирот.

Вучиќ денеска во Брисел се сретна со премиерот на Косово, Албин Курти, со цел да се реши кризата предизвикана од одлуката на властите во Приштина да почнат да наплаќаат казни за Србите кои одбиваат да ги пререгистрираат возилата со „КМ“ дозвола.

Косовската полиција од утре ќе казнува возачи, чии возила имаат таблички со назнака КМ.

Портпаролот за надворешни работи, Петер Стано, ги демантираше наводите дека Жозеп Борел се откажал од предлогот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина.

Оваа информација ја спомена косовскиот премиер, Албин Курти, по средбите во Брисел.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО