Порталот Плус инфо денеска продолжи со објавите во однос на наводен состанок кој се одржал на 21 декември, во Бихаќка, на кој покрај Филипче од Заева страна, присуствувале Димитар Ковачевски, Радмила Шеќеринска, Миле Зечевиќ и неколку други членови на најтесното раководство на СДСМ. Да повториме, ова се клучните точки од планот што го изложил Заев:
- Одржување итни предвремени парламентарни избори, после кои СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ заеднички ќе ја делат власта во наредните осум години. Премиер да биде победникот на изборите.
- Eлиминирање на ДУИ и на Али Ахмети од Владата. Заев рекол дека на Албанците треба да им се овозможи 25-процентно присуство во Владата, но тоа да не биде ДУИ на Али Ахмети.
- Eлиминација на претседателот Стево Пендаровски. Доколку СДСМ го добие премиерскиот мандат, идниот шеф на државата да биде од ВМРО-ДПМНЕ.