Поглед:
438
„Имавме тежок состанок, ќе имаме уште. На 18 март би требало да се видиме на територија на Северна Македонија, тогаш и господинот Борел ќе биде во посета на регионот. Дотогаш би требало да разговараме со Лајчак да разговараме за работите за имплементација“, порача Александар Вучиќ по низата состаноци со официјални претставници на Европската Унија (ЕУ) и косовскиот премиер Албин Курти.
Тоа е обид Македонија да се внесе во српско – албанскиот конфликт и да се компензира со наши загуби за сметка на северно Косово, смета лидерот на Македонски Концепт, Петар Богојески, кој порача:
„Господата Вучиќ и Курти да ги држат рацете подалеку од Македонија и сами да се договорите за проблемот кој сами го создадовте, а сметката за тоа сами да си ја платите. Македонија доволно плати во минатото и нема намера да плаќа туѓи сметки!“.
Според Богојески, САД и ЕУ треба да гарантираат решение за Косово, без било какви реперкусии кон Македонија, а НАТО треба да ги препознае повиците за „заедница на албански општини во Македонија“ како руско масло и обид за дестабилизација на Алијансата.
Албанските политичари, кои се ултра левичари и познати марксисти ленинисти, како премиерот Курти на пример, се блиски на идеите на Путин за промена на границите во светот и нов светски поредок. Координацијата со Путин обично оди преку тускиот претседател Ердоган.
„Во документот на ЕУ е истакната неопходноста од почитување на претходните договори. Господин Курти не беше подготвен да прифати Заедница на српски општини, не знам дали ќе биде во иднина. Од сите големи разговори, ништо посебно, но важно е дека разговаравме. Господин Курти дојде со намера да се потпишува нешто.
Договорено е да продолжиме да разговараме. Како и да завртите, Заедницата на српски општини е на прво место. Видов дека се води кампања против Заедница на српски општини, утре детално ќе разговарам за тоа“, изјави вечерва српскиот претседател, Вучиќ.
Албанските шовинисти, под навигација на Москва побрзаа да помогнат на позициите на Курти, со тоа што евентуалната Заедница на српски општини во Косово би се компензирала со наводна Заедница на албански општини во Македонија, а со тоа судбината на Македонија би се поврзала со судбината на Косово.
„Огромниот број на доселеници на Косовари во Македонија во минатите децении, е злоупотребено од албанскиот етнички шовинизам. Ние немаме проблем со македонските Албанци, кои се чесни и домаќини луѓе. Ние имаме проблем со неблагодарните Косовари, на кои им помогнавме, ги интегриравме во македонскиот систем, ги заштитивме од Милошевиќ, а сега тие ни враќаат со предаство на Македонија и на Радев и на Путин!“ смета Богојески.
„Признавањето на Косово е признавање на Крим! Процесите на промена на граници одговараат само на Русија, а албанскиот шовинизам работи во таа насока. Русија него умешно го користи, со цел дестабилизација на НАТО и спречување на проширувањето на ЕУ на Балкан.
Истиот рецепт за Косово, Путин ќе го искористи како рецепт за признавање на окупираните територии на Украина и ќе бара признавање на наводни независни руски републики на нејзина територија. До крај на 2023 година, тоа ќе се случи, а цената ќе ја плати само Украина, никој друг. Сега Србија и албанските шовинисти прават обиди за вмешување на Македонија, како сметката за српската територија на Косово би ја платиле со македонска територија. Тоа е неприфатливо и време е за македонска офанзива против албанскиот етнички шовинизам, спонзориран од Москва!“ – изјавува Богојески.
Србија и Косово во април во 2013 година го потпишаа Бриселскиот договор. Европскиот предлог кој чека потврда на лидерите се смета најважен документ досега кој би требало да води кон сеопфатен договор за целосна нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, со влез на Косово во ОН, но и со формирање на српска автономна покраина во Косово, под српска јуриздикција.
Косово се спротиставува на таа српска амбиција, преку планот на Путин за вмешување на Македонија и дестабилизација на земјава, преку формирање на албанска автономна покраина во Македонија, под јуриздикција на Косово.
За Богојески, соработката на Албанците со Бугарија и послушникот на Русија Румен Радев е дирекна соработка со Путин. Средбата на Ахмети со русифилката и министерка за надворешни работи на Бугарија од таборот на Радев, Генчовска е доказ во таа насока.
Средбата се одржа во Мала Речица во Тетово, а тема на разговор беше протнување на бугарските барања во рамката за преговори со ЕУ, како Македонија би се ставила под бугарска уцена. Тоа ДУИ и Ахмети го спроведија на дело, со македонски слуги од редот на СДСМ, со што веќе е блокиран процесот за преговори со ЕУ.
„Потребна е итна промена на преговарачката рамка на ЕУ, преку суспензија на т.н. „француски предлог“ на истиот начин како што беше суспендирана Лисабонската декларација во минатото. На тој начин ќе ги тргнеме руските препреки од нашиот пат кон ЕУ, инсталирани преку албанските и бугарските измеќари на Путин.“ – смета Богојески.
За Богојески, соработката со Радев и барањата за „косовски концесии“ во Македонија се само дел од планот на Русија за дестабилизација на овој дел од Европа и спротивни на интересите на САД, НАТО, но и самата ЕУ и нејзините планови за проширување.