Автобусите на ЈСП низ Скопје може да запрат. Доцни платата за септември, сидикатот ги предупреди градоначалничката Данела Арсовска и раководството на претпријатието дека денеска во 14 часто е последиот рок да ги добијат платите и придонесите, објави Телма.
Автобусите на ЈСП утре нема да излезат на улиците на Скопје доколку денеска до 14 часот на возачите, сервисерите и одржувачите не им биде исплатена септемвриската плата.
Ова денеска го соопштија трите репрезативните синдикати кои испратија порака и до менаџментот на град Скопје и до Владата.
Синдикатите на ЈСП информираа дека на 7 октомври ја известиле градоналалничката на град Скопје дека доколку на 15 октомври не им биде исплатена плата ќе има прекин на работата.
На протестот добија поддршка и од претседателството на Сојузот на синдикати на Македонија.
Од менаџментот на ЈСП за протестот и барањата најавија дека ќе излезат со реакција во текот на денот.
Возачите, сервисерите и одржувачите на вработени на јсп кои денеска излегоа на предупредувачкиот процес соопштија дека ова не е единстевниот проблем кој го имаат, туку се соочуваат со низа проблеми, како непрофитабилно претпријатија, во делот на оддржувањето на автобусите.
Извор: Телма