-4.2 C
Skopje
петок, април 7, 2023

Во селото Горно Врановци 38 години не се посетени од државниот врв на Македонија

ТОП ВЕСТИ

Историското село Горно Врановци, било центарот од каде есента 1944-та се воделе завршните операции за ослободување на Македонија. Токму затоа пет куќи каде било сместено раководството на органите и телата на НОБ, денес се спомен куќи. Истите како историски споменици се обновени и заштитени. Но од тој чин, кој се случи на 11 октомври 1984-та година, до денес истите не се посетени од ниту еден претставник на државниот врв на Македонија, ниту претседател ниту премиер.


Во селото Горно Врановци, велешко, од средината на септември до крајот на ноември 1944 година, се наоѓала извршната и законодавна власт на тогашната Федерална Демократска Македонија, Предизудмот на НОВ, ЦК на КПМ, главниот штаб на НОБ, раководството на ОЗНА и печатницата Гоце Делчев каде е отпечатен првиот број на весникот „Нова Македонија“. Тоа се и петте спомен куќи. Но освен државниот врв, тие се малку посетувани од посетители.

Четири од спомен куќите се во сопственост на Народниот музеј од Велес, за кои се грижи и вработено лице. Куќата каде била сместена ОЗНА е во сопственост на МВР и таа е во лоша состојба.

Петар Печков

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО