На 19.11.2022 во 13.27 часот во СВР Куманово било пријавено дека во барака во Транзитен центар Табановце бил пронајден починат М.Б.(28), лице мигрант од Мароко.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на погребално претпријатие за понатамошна постапка.