6.8 C
Skopje
понеделник, април 3, 2023

ВМРО ДПМНЕ се обедини со СДСМ преку партиска химна, МК одби

ТОП ВЕСТИ



Поглед:
4


Лудница на политичката сцена во земјава, откако повикот на Цивил Медија, блиска на власта и заевизмот, повика на обединување на сите партии под бајракот на Бојан Маричиќ и партиската химна на СДСМ, промовирана на последната трибина во Скопје.

За да биде лудилото поголемо, прва во земјава понудата на Таче и Маричиќ ја прифати ВМРО ДПМНЕ и партиската химна на СДСМ ја споделија на официјалната фан страна на ВМРО ДПМНЕ. Тоа било нивни продонес за Европа, истакнаа од таа партија.

Под прекривот на таа иницијатива за општествено и политичко обединување за европските вредности, во суштина се крие обединување на арамиите без основни човекови вредности – коментира лидерот на Македонски Концепт Петар Богојески.

Не гледам ништо европско во поведението на власта, најмалку во заканите со ликвидации врз опозицијата во име на „лажните ЕУ вредности“ лично од устата на ген секот на истата таа власт.

Нашата партија МК го отфрла повикот за промоција на лажни вредности, а силно застанува на страна на вистинските фундаментални европски вредности, врз кои е изградена самата ЕУ. Само така ќе не биде во ЕУ!

Ние таа понуда јасно и недвосмислено ја отфрливме! Таа е манипулација со ЕУ во интерес на криминалната власт! – изјави Богојески.

На нас ни треба општествен и политички консензус за донесување на Граѓански Устав, а не вакви глупости со кои замајуваме народ и губиме време без потреба! Ова е антипрогресивизам! Ова е антимакедонски шовинизам, промовиран од измеќари на Бојко и Радев во Македонија.

Ние го имаме решението, прогресивното е нашето, тоа е Устав од 21ви век. Се друго е боранија! – завршува Богојески.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО