ВМРО-ДПМНЕ со реакција по повод изјавата на директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Реџепи Зухејр на денешната седница на Советот на Град Скопје.
„Додека јавноста очекува решенија на Градот за јавниот превоз, еклатантно неспособната Арсовска го принудува директорот на „Паркови и зеленило“ да чита текстови напишани од консултантите на Град Скопје најмени за 4 милиони денари.
ВМРО-ДПМНЕ нема да се занимава со невистини и лаги пласирани од неспособната Арсовска.
Јавноста денес очекува одговори зошто нема навремен и комплетен јавен превоз?
И второ, Арсовска треба да одговори што се договорила на тајната средба со премиерот Ковачевски, на која присуствувал и Стевчо Јакимовски“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.