5.8 C
Skopje
петок, април 7, 2023

ВМРО-ДПМНЕ го осудува нападот на новинарската екипа од сопственикот посочен каде престојува Украинецот Онишченко

ТОП ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ го осудува нападот на новинарската екипа од сопственикот посочен каде престојува Украинецот Олександр Онишченко.


„ВМРО-ДПМНЕ го осудува нападот на новинарската екипа од сопственикот посочен каде престојува Украинецот Онишченко кој спротивно на сите процедури е последниот во низата белосветски криминалци на кој под крајно сомнителни околности власта на СДС му даде македонски пасош.


Ова е последица на нездравиот амбиент, поделбите и омразата кој подолго време се креира од власта.

Со анонимноста и тајноста на целиот случај, власта создава контраверза и замешателство во креирањето на истиот.

Ваквиот меѓународен скандал покажува дека власта која се удира во гради за ЕУ и САД, зад грб работи против нивните интереси кога тоа е врзано за пари и интереси.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека треба да се расветли целиот овој случај обвиен со контраверзи“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО