ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение изразува згрозување од дрскоста и безобразлукот на Љупчо Зиков кој е именуван функционер од Владата на премиерот Димитар Ковачевски.
Тие велат дека тој ја навредил јавноста и сите кои барале одговори од него за енормната висина на плата која ја добива од државното МЕПСО.
„После недоличните и крајно безобразни навреди на Љупчо Зиков кој е на функција во МЕПСО со примања од 80 илјади денари добиени од граѓаните очекуваме Ковачевски експресно да го разреши.
Во спротивно однесувањето на Зиков и навредите ги сметаме за нарачка од Димитар Ковачевски“, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.