10.8 C
Skopje
вторник, април 18, 2023

Влегол да краде во објект во Гази Баба, а потоа две лица го нападнале со тврди предмети

ТОП ВЕСТИ

На 16.04.2023 во 19.45 часот полициски службеници од Полициската станица Гази Баба на подрачјето на Гази Баба го лишиле од слобода М.И.(37) од с.Сингелиќ, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ во обид, од објект во изградба.


Во врска со случајот, нешто подоцна М.И. пријавил дека околу 19.10 часот на подрачјето на Гази Баба, бил физички нападнат со тврди предмети од Б.И. и уште едно лице, откако бил затекнат при обид да го изврши кривичното дело во објектот.

Се преземаат мерки за комплетно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО