-4.2 C
Skopje
петок, април 7, 2023

ВИСТИНСКО ЛЕТО: Во Струмица денеска 28 степени, во сонце ќе уживаме до четврток, а потоа…

ТОП ВЕСТИ


МАКСИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во 0С)


17 Крушево, 18 Маврови Анови, 19 Лазарополе, 22 Охрид, Претор, Прилеп, Берово, 24 Крива Паланка, Битола, 25 Штип, Тетово, 26 Скопје-Петровец, 27 Демир Капија, 28 Струмица, Скопје-Зајчев Рид.  

ВРЕМЕТО ДЕНЕС

Утринава имаше мала до умерена облачност во источните и јужните делови која брзо се намали. Преку денот беше сончево со мала локална облачност. Дуваше слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Доцна попладнево ветерот од североисток засилува во Пелагонија на повисоките делови.

ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Ведро со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Претежно сончево и релативно топло со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 9, а максималната ќе достигне од 21 до 27 степени.

Во Скопје сончево и релативно топло. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 25 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

До четврток ќе се задржи претежно сончево и релативно топло време. По одделни котлини ќе има услови за појава на слаба утринска магла. Во петок облачноста ќе се зголеми, а за време на викендот ќе преовладува претежно облачно, врнежливо и посвежо време.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО