Границата е 50 микрограми на метар кубен, а синоќа мерните станици покажуваа и до 18 пати загаден воздух над таа граница.
Со зимата се врати и проблемот со загаден воздух во главниот град Скопје, но и цела Македонија. Мерните станици за квалитет на воздухот покажуваат ектремно загадување.
Од Министерството е доставена информација за загадување на воздухот до Министерство за здравство, Министерство за труд и социјална политика, Државниот инспекторат за животна средина, Управа за животна средина, Сектор за комуникација со јавноста во МЖСПП, Институт за јавно здравје и до сите општини за епизодата на алармантно загадување на воздухот.
Поради надминување на нивото на загадување, односно на присуство на ПМ 10 честичките во воздухот, денеска стапуваат во сила мерките и препораките за заштита од загадувањето во Скопје, Кичево, Кавадарци и Струмица, затоа што во текот на два последувателни дена е надминато дозволеното ниво.
Во топ-10 листата нема ниту еден друг град од Балканот, а пред Скопје се Дубаи, Лахоре во Пакистан, Делхи во Индија.
Скопје вчера беше на третото место на листата најзагадени градови.