Поглед:
1.504
Тајван отворено на своите граѓани им најави почеток на војна со Кина. Во делови на Тајван патиштата беа испразнети, на граѓаните им е соопштено да останат во своите домови, јави Ројтерс.
Причината за ова ограничување на слободата на движење на тајванските жители, е одржувањето на воената вежба на тајванските воени сили, кои се подготовуваат за евентуалната инвазија на армијата на НР Кина.
Сирените за општа опасност се огласија во 13.30 по локално време, а вежбата траеше 30 минути. Граѓаните добија СМС порака дека следува опасност од проектили и дека веднаш треба да се евакуираат на безбедно.
Полицијата на Тајпеј ги преусмеруваше автомобилите да се тргнат на страна и да остават простор за воените возила. Во исто време продавниците и рестораните ги спуштија ролетните во случај на ноќен напад, а противпожаните служби вежбаа гаснење оган предизвикан од ракетен напад.
– Неопходно е да се направат подготовки за војна – порача градоначалникот на Тајпеј, Ко Вен-џе.
Тој направи паралала со рускиот напад на Украина, со опсасноста што за Тајван доаѓа од Кина.
– Кинеските воени авион често го нарушува воздушниот протор на Тајван, во изминатите години. Во Европа се води војна меѓу Русија и Украина, па тие инцидентие не предупредуваат да бидеме внимателни – додаде тој.
Кинеските власти наводно во приватна порака испратена до САД, се заканиле со војна доколку Тајван биде посетен од претседателката на американскиот конгрес Ненси Пелоси. Кина не ја признава независноста на Тајван, па за Пекинг е неприфатлива посетата на Тајван на лидерот на претставничкиот дом на САД.