Поглед:
13
Американскиот претседател Џо Бајден кој посебно го привлекува вниманието со своите гафови сега е актуелен со грешка која ја направи за војната во Украина, па украинскиот град Херсон го замени со градот Фалуџа во Ирак.
– Без оглед на тоа дали се повлекуваат Русите од Фалуџа… – изјави Бајден.
Во овој град во 2004 година, поради големи загуби американските сили беа принудени да се повлечат, подоцна сепак имаа успех во специјалните акции и успеаја да го вратат своето влијание во Фалуџа.
Откако еден од новинарите реагираше Бајден ја исправи својата грешка.
Biden says Russia is pulling out of ‘Fallujah’!!!
— Luke Rudkowski (@Lukewearechange) November 10, 2022