Канцеларијата на директорот на Студентскиот дом „Пелагонија“ денеска е пронајдена целосно демолирана и изгорена. Настанот се случил утрото денеска, додека сторителот, според наши извори, бил поранешен вработен во оваа институција, дознава 4NEWS.mk
МВР со детали за инцидентот во студентскиот дом Пелагонија: Истурена е запалива течност од поранешен вработен
Едно лице револтирано откако не му бил продолжен договорот, околу 10:30 часот влегол во канцеларијата на директорот на студентската куќа „Пелагонија“, прво ја демолирал со секира, а потоа ја запалил.
Како што дознава 4NEWS.mk во тек е истрага за утврдување на штетата и пронаоѓање на сторителот.