Навивачите на Вардар, популарните Комити го ,,раздрмаа” центарот на градот и со самото тоа го најавија јубилејот и нивниот роденден во среда.
Голема група на вардарови навивачи тргна со дефиле од Ново Лисиле, потоа направи пиротехничко шоу на Рекорд, а се упати и кон Карпош, да го одбележи и најави големиот јубилеј.
Инаку, Вардар и Комити во среда на Градски најавуваат вистински спетаткл. Засега се продадени голем број на билети, а се очекуваат и над 2000 Комити на западната трибина.