Анестезиологот кој го снимаше и во живо на Тик-ток ги емитување просториите и пациентите во Тетово, доцна вечерва е изведен пред судија кој се очекува да донесе одлука по однос на барањето на обвинителството за одредување на мерка притвор.
На видеото, докторот шета низ делот за киража во одделот за гинекологија, ги снима пациентите, зборува со персоналот и неконтролирано се смее.
Случајот го пријавил новинар од ТВ 21.
Веднаш по пријавата докторот беше приведен и е задржан на распит.
Осуда за инцидентот пристигна и од Лекарската Комора.
Инаку, видеото е отстрането од социјалната мрежа. ТикТок не ги зачувува видеата во живо, па сега единствен доказ е преснименото видео кое дополнително беше објавено на социјалните мрежи.