Поглед:
24
Претседателот на политичката партија Македонски Концепт, Петар Богојески со отворено писмото до д-р Киро Стојанов, бискуп скопски и апостолски егзарх во Македонија, во кое испрати честитки до сите верници кои го одбележуваат големиот христијански празник Велигден по Грегоријански календар, во негово и во име на Македонски Концепт.
„Почитуван бискуп скопски и апостолски егзарх во Македонија,
Во мое лично име и во име на нашата партија Македонски Концепт, дозволете ми на Вас, како и на сите христијани кои чествувате по Грегоријански календар, да Ви го честитам големиот христијански празник – Велигден.
„Христос воскресна! Навистина воскресна!“ – животот ја победи смртта, Христос го спаси човечкиот род.
И ние христијаните, кои одбележуваме по Јулијански календар, денес ја споделуваме воскресната радост со вас, денот кога го славиме животот на нашиот жив Бог Исус Христос!
Нека е за многу години празникот на Воскресението Христово, нашиот Свет Велигден кој не повикува на заедништво и братска христова љубов, како христијански верници, но и како македонски граѓани на нашата заедничка Татковина Македонија.
„Христос воскресна! Навистина воскресна!“