6.8 C
Skopje
среда, април 5, 2023

ВАШИНГТОН со шамар за Приштина: ИТНО да постапите!

ТОП ВЕСТИ



Поглед:
4


Соединетите Американски Држави се приклучуваат на Европската Унија барајќи од косовските власти да ги почитуваат своите обврски без одлагање, вклучително и формирањето на Заедницата на српските општини, соопшти американската амбасада во Приштина.

„Ова значи итно продолжување на процесот за пререгистрација на возилата и суспендирање на какви било казнени мерки против сопствениците на регистарските таблички на КМ се додека проблемот со регистарските таблички не се реши во дијалог“, посочуваат од амбасадата.

Додаваат дека тоа значи и итен почеток на преговорите за формирање Заедница на општини со српско мнозинство.

„Собранието на Косово го ратификуваше Бриселскиот договор, а Уставниот суд на Косово донесе одлука за формирање на Заедницата, со што нејзиното формирање е законска обврска за Косово.

Континуираното неисполнување на оваа обврска на Косово го нарушува владеењето на правото и му штети на угледот и кредибилитетот на Косово“, посочуваат од американската амбасада.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО