12.8 C
Skopje
среда, април 19, 2023

УЖАС ВО ТЕТОВО: Турнал 14-годишно девојче во автомобил и го силувал – потоа и се заканил: „Ќе те убијам ако некому му кажеш“

ТОП ВЕСТИ

Четиринаесетгодишно девојче било натепано и силувано во Тетово.


Осомничениот 19-годишник, на 12 април, во близина на маркет кај старите згради на Државниот универзитет во Тетово, со употреба на сила и закана извршил полов напад врз 14-годишно девојче, соопшти Обвинителството.

Тој заедно со уште едно непознато лице ја пречекал жртвата во една уличка додека одела кон маркетот. Осомничениот, инаку нејзин сосед, ја повлекол за раката кон паркирано возило во близина. Другото лице го отклучило автомобилот по што осомничениот ја удрил оштетената по лицето и ја натерал да влезе внатре на задното седиште. Со возилото управувало непознатото лице, кое ги заклучило вратите и ги одвело 200 метри подалеку по што го паркирало возилото и излегло. На задното седиште останале осомничениот и оштетената, а тој со употреба на сила го принудил девојчето на полови дејства. Потоа му се јавил на непознатото лице и заедно со автомобилот ја вратиле жртвата од местото каде што ја зеле. Осомничениот ѝ се заканил дека ќе ја убие доколку некому му каже за настанот.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка во Основниот суд во Тетово достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице оценувајќи дека тој би можел да се даде во бегство, да влијае врз сведокот/жртвата или да го повтори делото. Судот го прифати предлогот на Обвинителството и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО