-4.2 C
Skopje
петок, април 7, 2023

Управата за извршување на санкции изврши вонреден надзор во КПД Струга

ТОП ВЕСТИ


Управата за извршување на санкциите на ден 23.12.2022 година го спроведе претходно најавениот вондреден надзор во Казнено поправниот дом од отворен вид во Струга со цел да се проверат околностите поради кои на ден 22.12.2022 година осуденото лице С.М не беше спроведено во Основниот кривичен суд во Скопје на главна расправа по кривичниот предмет “Титаник 2”.


Во текот на надзорот се утврди дека од Основниот кривичен суд Скопје на ден 14.12.2022 година во КПД Струга е добиено барање заведено под V КОК.бр.7/20 со датум од 23.11.2022 година со кое судот побарал обвинетиот во предметот С.М да биде спроведен на расправа на ден 12.12.2022 година во 10 часот.Барањето во затворот е заведено со приемен печат на 14.12.2022 година.

Со оглед дека се утврдило дека овој акт е ист со претходно доставениот за расправата која била на 23.11.2022 година закажана за 12.12.2022 година, заклучено е дека веројатно се работи за грешка, особено поради фактот што ни судот не ја воочил грешката и не доставил исправка на овој акт.

Имајќи предвид дека КПД Струга претходно постапувал уредно на сите судски барања, а во овој случај не се работи за погрешно постапување, туку за превид на судските служби , Управата за извршување на санкциите не смета дека постои одговорност кај било кој вработен во КПД Струга.

Воедно е разговарано и со осуденото лице С.М за настанатата ситуација. Одговорните во КПД Струга денес по електронска пошта се известени за следната закажана судска расправа на 26.12.2022 година и спроводот на осудениот е веќе планиран.

Добивај вести на Telegram

Добивај вести на Telegram

ПРОЧИТАЈ

ПОСЛЕДНО